Близуземски тела
From Wikipedia, the free encyclopedia
Близуземско тело (БЗТ) или близуземски објект — вид мали тела во Сончевиот Систем чија орбита ги носи во близина на Земјата. По дефиниција, близуземско тело е тело од Сончевиот Систем ако најмалото растојание на телото до Сонцето (перихел) е помал од 1,3 астрономски единици (ае).[2] Доколку орбитата на близуЗемјиниот астероид минува низ Земјината орбита и има пречник поголем од 140 m, се смета за потенцијално опасно тело (ПОТ).[3] Најпознати БЗТ и ПОТ се астероидите.[1]
|
Постојат повеќе од 17.000 близуземски астероиди, од кои стотина се краткопериодични близуземски комети,[1] и бројни околусончеви летала и метеороиди доволно големи за да се следат во вселената пред да се судрат со Земјата. Денес е прифатено дека судирите во минатото имале значајна улога во образувањето на геолошката и биолошката историја на Земјата.[4] Близуземските астероиди поттикнале зголемен интерес од почетокот на 1980-ите поради зголемената свесност за потенцијалната опасност од астероидите или кометите, и се изнаоѓаат начини за избегнување или намалување на опасноста.[5]
Засновано на орбиталните пресметки на БЗТ, ризикот од идните судири се проценува според две скали, Торинската скала и посложената Палермска скала, при што и двете го проценуваат ризикот со вредности поголеми од 0. Некои БЗТ имале позитивни почетни вредности на Торинската или Палермската скала по нивните откривања, но од март 2018 година со попрецизните пресметки и постепени набљудувања во повеќето случаи доведува до намалување на вредностите до или под 0.[6]
Од 1998 година, САД, ЕУ, и другио земји го набљудуваат небото во потрага на БЗТ преку проект наречен Спејсгард.[7] Основната цел е да се каталозираат најмалку 90% од БЗТ кои се со пречник поголем од 1 км, односно астероид кој би предизвикал катастрофа од светски размери доколку се судри со Земјата.[8] Подоцна, проектот е проширен на тела[9] со пречник поголем од 140 m,[10] кои сепак можат да предизвикаат штети од големи размери, но не во светски рамки.
Поради нивните орбити слични на онаа на Земјата и малата површинска гравитација, БЗТ се лесни мети за вселенските летала.[11][12] Од март 2018 година од стрнана на вселенски летала се посетени пет близуземски комети[13][14][15] и три близуземски астероиди[16][17][18] а кон две тела сè уште патуваат две сонди.[19][20] Постојат и планови од приватни компании за рударско искоритување на астероидите.