Бомбардирање на кинеската амбасада во Белград
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград од страна на НАТО бил сериозен дипломатски инцидент во текот на бомбардирање на СР Југославија. кој се случил вечерта на 7 мај 1999. година, во 23:45, кога три проектили на НАТО алиансата ја погодиле зградата на амбасадата на Народна Република Кина, во Нов Белград. Во нападот загинале тројца кинески државјани, а повеќе биле ранети.
Кратки факти НАТО бомбардирање на Кинеската амбасада во Белград, Место ...
НАТО бомбардирање на Кинеската амбасада во Белград | |
---|---|
Кинеската амбасада во 2009, срушена во 2011 година. Во 1999 година, амбасадата била оштетена од САД. | |
Место | Белград, Србија, Југославија |
Координати | 44.8250° СГШ; 20.4190° ИГД / 44.8250; 20.4190 |
Датум | 7 мај 1999 |
Цел | дискутабилна |
Вид напад | Воздушно бомбардирање |
Мртви | 3[1] |
Повредени | Најмалку 20[1] |
Сторители | Американско воено воздухопловство |
Затвори
НАТО изразил жалење поради инцидентот со образложение дека до нападот дошло поради старите карти која ги доставила ЦИА.
Неколку дена после нападот врз кинеската амбасада, во многу градови ширум светот, како Копенхаген, Бангкок, Сингапур, Токио, Тел Авив, Исламабад, и други,биле одржувани протести пред американските амбасади или конзуларните претставништва[2].