Вангард 1
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вангард 1 (Ознака на Харвард: 1958-Beta 2,[1] COSPAR ID: 1958-002B[2])беше четвртиот вештачки сателит на Земјата, и прв со напојување на сончева енергија[3] . Иако комуникацијата со него е прекината во 1964 година, денеска е најстариот објект направен од човек кој е сѐ уште во орбита, и како таков е најстарото парче во облакот на вселеснки остатоци што кружат околу Земјата.
Самото летало претставува алуминиумска сфера што тежи 1,47 килограми, и е 165 милиметри во пречник.
Лансиран: | 17 март 1958 во 12:16 по Гринич, од Кејп Каневерал LC-18A, со Вангард ТВ-4 |
Орбита: | 658 km x 3 968 km x 34,35° x 134,18 min. |
Испаднат од орбита: | Најстар вештачки сателит во орбита |