Вардар (списание)
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик чиј уредник и основач бил Крсте Мисирков. Списанието било објавено на 1 септември 1905 година (стар стил) во Одеса, Украина.[1][2] Се планирало да излегува еднаш месечно, но списанието излегло само во еден број. „Вардар“ е составено од неколку секции каде се обработуваат македонското прашање и странските пропаганди, народното творештво, литературата, статистиката и етнографијата на Македонија, како и теми од светската гео-политика.
Кратки факти Тип, Сопственик ...
Насловната страница на првиот број. | |
Тип | месечно списание |
---|---|
Сопственик | Крсте Петков Мисирков |
Уредник | Крсте Петков Мисирков |
Основан | 1 септември 1905 |
Јазик | македонски |
Седиште | ул. „Гогол'“ бр. 4 Одеса |
Страница | нема |
Затвори