Властимир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Властимир бил српски кнез кој владеел од 830 до 851 година. Имаме многу малку информации за неговото владеење. Тој бил на чело на Србија за време на растечката експанзија и закана од соседната, која дотогаш била мирна, таканаречената, Прва бугарска империја. Бугарската држава во тој период територијално доста се проширила и тоа во правец кон српското кнежевство. Во тоа време, Бугарите и Византиската империја имале склучено мировен договор. Тоа било период кога византискиот император бил господар со српските земји и тој не бил во можност да им помогне на Србите во евентуалната војна со Пресијан I од Бугарија. Така и се случило, Пресијан на крајот ја нападнал Србија, што резултирало со тригодишна војна, во која бугарската војска била уништена од страна на српската и била истерана од српските територии. Властимир, подоцна се свртел кон запад, проширувајќи ги своите теротории сѐ до внатрешноста на Далмација. Властимир бил и истоимениот основач на династијата Властимировиќ, првата српска династија.