Вонредна состојба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вонредна состојба ― состојба во која власта во една држава е овластена да преземе дејства кои во нормални околности не би ѝ биле дозволени, а со цел да им овозможи безбедност и заштита на своите граѓани. Власта може да прогласи таква состојба за време на природна катастрофа, граѓански немири, вооружен конфликт, пандемија, епидемија или друг биосигурносен ризик. Во римското право ваквата состојба се нарекува „јустициум“; тоа бил начин со кој Римскиот Сенат можел да објави конечен декрет (senatus consultum ultimum) против кој не биле допуштени приговори, а помагал да се спасат животи за време на несогласувања.
Вонредната состојба може да се користи и како изговор за ограничување на одредени права и слободи кои инаку се загарантирани со уставот на државата. Постапката и законитоста за нејзино воведување се разликува од земја до земја.