Габрово (Бугарија)
град во Бугарија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Габрово (бугарски: Габрово) е град во централна Бугарија. Габрово е центaр на Габровската област и се наоѓа близу до Трjaвна (18 км), Дрјаново (20 км) и Севлиево (27 км). Градот е сместен на северните падини на шипченскиот дел на Старата Планина, крај река Јатра. Градот е административен центар на општина Габрово.
Габрово Габрово | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Седиштето на општината | |||
Држава | Бугарија | ||
Област | Габрово | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Tanya Hristova | ||
Површина | |||
• Град | 233,817 км2 (90,277 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000392000000392 м | ||
Население (Census 2021)[1] | |||
• Град | 48.133 | ||
• Густина | 0,21/км2 (0,53/ми2) | ||
• Градскo | 54.608 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Postal Code | 5300 | ||
Повик. бр. | 066 | ||
Мреж. место | Official website |
При археолошките ископувања (1985 и 1989 г.) била проучена повеќеслојната некропола во центарот на Габрово, која датира од периодот на ХІІІ-ХІХ век и остатоците од црквата Св. Петка. Со тоа било потврдено минатото на населбата на габровска земја од времето на Втората бугарска држава.
Во историскиот музеj на Габрово се наоѓа првата бугарска банкнота со сериски број 000001 од 1881, една од трите златни монети на Филип Македонски од ІІІ в. пред новата ера.
Наjстарото друштво на Црвениот крст на Балканот е основано на 1 ноември 1883 г. во Габрово. Тука е и Палатата на хуморот и сатирата - културен институт, центар, музеj и галерија за популaризирање на светската хумористичка уметност.