Гатчински дворец (Фабержеово јајце)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гатчински дворец – скапоцено емајлирано велигденско јајце, направено под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1901 година, за Николај II од Русија. Николај II ѝ го подарил на својата мајка, царицата Марија Фјодоровна, на Велигден во 1901 година. Јајцето се отвора за да открие изненадувачка минијатурна златна реплика на дворецот во Гатчина (град јужно од Санкт Петербург), изграден за грофот Григориј Орлов и подоцна бил купен од царот Павле I. Тоа е едно од двете царски велигденски јајца во збирката на уметничкиот музеј Валтерс во Балтимор, Мериленд.
Кратки факти Гатчински дворец, Година на изработка ...
Гатчински дворец | |
---|---|
Година на изработка | 1901 |
Нарачател | Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Уметнички музеј Валтерс |
Година на стекнување | 1931 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Михаил Перхин |
Употребен материјал | емајл, злато, позлатено сребро, дијамант, кварц |
Висина | 12,5 cm |
Ширина | 9,1 cm |
Изненадување | Златна минијатура на дворецот во Гатчина |
Затвори