Генетско инженерство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Генетско инженерство , кое се нарекува и генетска модификација , е директна манипулација на геномот на еден организам преку користење на биотехнологија. Нова ДНК може да се вметне во геномот-домаќин преку претходно издвојување и копирање на потребниот генетски материјал со користење на методите на молекуларно клонирање за да се создаде ДНК секвенца, или преку синтетизирање на ДНК, а потоа вметнување на оваа структура во организмот-домаќин. Гените можат да се отстранат, или „елиминират“, со нуклеаза. Генетско мапирање , е друга техника која користи хомологно рекомбинирње за да го измени ендогениот ген, и може да се користи за бришење ген, отстранување егзони, додавање ген или воведување точкасти мутации.
Организамот кој се создава преку генетско инженерство се смета за генетски изменет организам (ГМО). Првите ГМО беа бактерии, во 1973 г.; во 1974 г. беа создадени ГМ глувци. Во 1982 г. се комерцијализираа бактерии кои создаваат инсулин, а генетско изменетата храна се продава од 1994 г. Глофиш (GloFish), кој беше првиот ГМО наменет како милениче, беше најпрво продаден во САД во декември 2003 година.[1]
Техниките на генетско инженерство се применуваат во бројни области, меѓу кои истражувањето, земјоделството, индустриската биотехнологија и медицината. Ензимите кои се користат во прашокот за перење и лековите како инсулинот и хормонот за раст кај луѓето се произведуваат во ГМ клетки. Експерименталните ГМ клеточни линии и ГМ животни како глувците или „зебрафиш“ (zebrafish) се користат за истражувачки цели, додека пак генетски изменети растенија се комерцијализирани.