Германски романтизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Германски романтизам (англиски: [Deutsche Romantik] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — поим во за филозофијата, уметноста и културата на германојазичните земји во доцниот XVIII и раниот XIX век. Романтизмот во овие краишта се развил релативно доцна во споредба со англискиот, и отпврин временски се совпаѓал со вајмарскиот класицизам. Движењето се одликува со хумор, досетливост и убавина, за разлика од озбилноста на романтизмот во Англија.
Првите германски романтичари се обидувале да ги сосредоточат уметноста, филозофијата и науката во на начин кој се огледува на средновековието како попростодушно и целовидно раздобје од историјата. Со време оваа идеја е напуштена[1] и движењето се осврнува на напрегнатоста помеѓу секојдневието и навидум нерационалните и натприродни увиди на творечкиот гениј. Како особен критичар на средновековните тежнеења на неговите претходници се јавува поетот Хајнрих Хајне.[1]