Гинтер Грас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гинтер Вилхелм Грас (германски: Günter Wilhelm Grass; 16 октомври 1927 во Гдањск — 13 април 2015 во Либек) — германски писател, интелектуалец, уметник и борец за човекови права, добитник на Нобеловата награда за литература во 1999 година. Тој бил писател кој повеќе од било кој успеал да ја објасни историјата на дваесеттиот век, покажувајќи дека можеби не сме успеале да ја видиме нејзината позадина со доволно изострен поглед, се велело во образложението на Шведската академија.
Гинтер Грас Günter Grass | |
---|---|
Грас во 2006 година | |
Роден/а | Гинтер Вилхелм Грас 16 октомври 1927(1927-10-16) (96 г.) Данциг, Слободен Град Данциг |
Починат/а | 13 април 2015(2015-04-13) (возр. 87) Либек, Германија |
Занимање | романописец, поет, текстописец, вајар, графички дизајнер |
Националност | Германец |
Период | 1956–2015 |
Книжевно движење | „соочување со минатото“ |
Значајни дела | Лимениот барабан Мачка и глушец Кучешки години Патот на ракот „Што мора да се каже“ |
Значајни награди | Награда Георг Бихнер 1965 Почесен член на Кралството книжевно друштво 1993 Нобелова награда за литература 1999 Награда на принцот од Астурија 1999 |
Потпис |
Грас бил четвртиот германски писател - добитник на Нобеловата награда за литература. Пред него добитници биле - Томас Ман (1929), Нели Закс (1966) и Хајнрих Бел (1972).„Веста дека ја добив Нобеловата награда не ме шокира, туку ме израдува и се почувствував горд. Во оваа прилика сакам да ги повикам моите непријатели да не ги грицкаат ноктите, туку да ми се приклучат во големата работа“, била првата реакција на Грас.[1]