Грамофонска плоча
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грамофонска плоча — вид носач на звук, многу популарен во 80-тите години на XX век. Позната е и како LP и винил. Плочата е округла и од поливинилска маса. Во неа, спирално кон центарот се врежани траки на кои различна назабеност значи различен звук.
LP-плочите имаат пречник од 12 инчи, се вртат со 33 1/3 вртежи во минута и содржат околу 15-ина песни. Постојат и други, специјални плочи за синглови, 8-инчни во пречник, со брзина од 45 вртежи во минута и содржат обично една или две песни.