Групен секс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Групен секс е сексуално однесување кое инволвира повеќе од двајца партнери. Групниот секс може да се одвива меѓу луѓе со сите сексуални ориентации и полови. Исто така, групниот секс може да се одвива и меѓу животните, како што се американските муфлони.
Групниот секс може да се одвива на јавни места, бордели, интимни простории, сексуални забави, сексуални клубови и останати места. Во местата каде немоногамниот секс е табу или е нелегален, тогаш групниот секс се одвива во приватни места, како што се домови, хотелски соби или приватни клубови.