Диего ел Сигала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диего Рамон Хименес Салазар (роден во Мадрид, 27 декември 1968 година), познат како Ел Сигала (кастиљски за „скампа“), ― познат ромскои фламенкопејач.[1] Како што и самиот рекол, прекарот му го дале тројца гитаристи, „Лос Лосада“, за неговиот моќен глас, а не Камарон де ла Исла, како што обично се верува.[2]
Диего Ел Сигала има и доминиканско државјанство.[1]
Еден од неговите одлични албуми е „Lágrimas Negras“ од 2003 година, соработка со тогаш 85-годишниот кубански пијанист Бебо Валдес. Доброто спојување на кубанските ритми и вокалите на фламенко ја направиле оваа снимка меѓународен успех.[3]
Роден во семејство на ромски уметници и интелектуалци во Мадрид, Ел Сигала започнал да пее во фламенкови собири (клубови на ентузијасти) и таблаови, сè додека неговиот одлична мерка и способност да го забележи ритамот не го привлекле вниманието на играчите од светска класа како Марио Маја, Фаико, Фаруко, Ел Гуито, Мануела Караско, Кристобал Рејес, Кармен Кортес, Хоакин Кортес и тој започна да патувал како дел од нивните дружби. До крајот на деведесеттите, соработувајќи на снимања од Камарон, Томатито, Херардо Нуњес и Висенте Амиго, тој бил подготвен да сними свое ЦД. Со успехот на „Undebel“ тој ја започнал својата кариера како соло-пејач. Сега има снимено 8 ЦД-а и има освоено две Греми награди[4] и пет номинации за Латинско греми.[5][6]
Неговата сопруга Ампаро Фернандес починала во 2015 година од рак во Пунта Кана.[7]