Диор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диор, позната и како Кристијан Диор СЕ (оригинален назив: Christian Dior SE (француски изговор: [kʁis.tjɑ̃ djɔːʁ])) — француска компанија за луксузни производи, под раководство на стопанственикот Бернар Арно, воедно раководител и на LVMH (Луј Витон), најголемата луксузна групација во светот. Диор самите поседуваат 42% од акциите и 5% од акциите со право на глас во LVMH.[2][3]
Вид | Société Anonyme |
---|---|
Ознака | Предлошка:Euronext |
ISIN | FR0000130403 |
Дејност | Малопродажба |
Основано | 16 декември 1946 |
Основач | Кристијан Диор |
Седиште | 30 Avenue Montaigne Париз, Франција |
Испостави | 210 (од септември 2010) |
Опслужувани подрачја | Низ целиот свет |
Клучни личности | Бернар Арно (Претседател), Сидни Толедано(извршен директор), Марија Грација Киури (уметнички директор), Крис Ван Аш (креативен директор за машката линија), Виктори де Кастелан |
Доход | ▲ €24.62 милијарди (2011)[1] |
Оперативен доход | ▲ €5.323 милијарди (2011)[1] |
Нето-доход | ▲ €1.279 милијарда (2011)[1] |
Вкупно актива | ▲ €51.20 милијарда (2011)[1] |
Вк. капитал | ▲ €24.94 милијарди (2011)[1] |
Вработени | 84.981 (2011)[1] |
Одделенија | Парфеми Диор Козметика Кристијан Диор Машка колекција Диор |
Подружници | Модна куќа Диор |
Мреж. место | dior.com |
Основана во 1946 година од страна на истоимениот дизајнер Кристијан Диор, денес компанијата дизајнира и продава облека, кожни производи, модни додатоци, обувки, накит, часовници, парфем, шминка и производи за нега на кожата одржувајќи ја традицијата како творец на високата мода. Производите се продаваат преку ланецот продавници за малопродажба низ светот, како и преку нивната интернет продавница[4].
Meѓу многуте конкуренти на куќата Диор се и модните куќи: Шанел, Ив Сен Лоран, Гучи, Версаче, Прада.[5]