Економски региони на Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Русија е поделена на дванаесет економски региони (руски: экономи́ческие райо́ны)—групи на федерални субјекти кои ги споделуваат следните одлики:
- Заеднички економски и социјални цели, како и учество во програми за развој;
- Релативно слични економски услови и потенцијал;
- Слични климатски, еколошки, и геолошки услови;
- Слични методи на техничка инспекција на нови градби;
- Слични методи за спроведување на царински надзор;
- Слични услови за живеење на населението.
Еден федерален субјект не може да припаѓа на повеќе од еден економски регион.
Економските региони исто така се групирани во економски зони (наречени „макрозони“). Економски регион или негови делови можат да припаѓаат на повеќе од една економска зона.
Основањето и укинувањето на економските региони и економските зони или какви било промени во нивниот состав се во ингеренција на федералната влада на Русија.
Оваа поделба на економски региони е различна од поделбата на федералните окрузи—првата е направена само за економски и статистички цели, додека втората постои само како алатка за да се почитуваат федералните закони на територијата на земјата.