Забрзување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Забрзувањето (ознка: , а во теоретската механика: ) — извод на брзината по времето. Тоа е векторска физичка величина која покажува за колку се променил векторот на брзината на материјалната точка (тело) при нејзиното/неговото движење за единица време (односно, за забрзувањето не е важна само промената на брзината, туку и нејзината насока).
Забрзување | |
---|---|
Во вакуум (без отпор на воздухот) предметите привлечени од Земјата добиваат брзина со стабилна стапка. | |
Симболи | a |
SI-единица | м/с2, m·s-2, m s-2 |
На пример, тело кое слободно паѓа кон површината на Земјата, кога се наоѓа близу неа, во случај кога може да се занемари отпорот на воздухот, ја зголемува својата брзина за околу 9,8 м/с за секоја секунда, односно неговото забрзување е еднакво на 9,8 м/с².
Гранката на механиката што се занимава со проучување на движењето во тридимензионален евклидов простор, неговото пресметување, како и пресметувањето на брзините и забрзувањата во различни појдовни системи, се нарекува кинематика.
Единица за забрзување во SI е метар во секунда за секунда (м/с2), а постои и несистемската единица гал (Gal) која се применува во гравиметријата и е еднаква на 1 cм/с².