Западна полутопка
From Wikipedia, the free encyclopedia 0
Западна полутопка (или западна хемисфера[1]) — георгафски поим за една половина од Земјата која се наоѓа западно од нултиот меридијан (кој минува низ Гринич во Лондон). Другата половина се нарекува источна полутопка.[2].
При одредувањето на источна или западна полутопка, потребно е да се избере произволен меридијан и обратен меридијан на другата страна на Земјината топка. За оваа цел обично се користи нултиот меридијан (0°) кој минува низ Гринич; this is used to define the Меѓународната датумска граница (наречена „краен меридијан“) на обратната страна на 180° ИГШ. Во потесна географска смисла, во оваа полутопка спаѓаат само континентите на Америка, но во поширока смисла тука влегуваат и западните делови на Европа и Африка, најисточниот врв на Русија, многу територии во Океанија и дел од Антарктикот, но без делот од Алеутските Острови до југозападниот дел на копнена Алјаска. Понекогаш се користат меридијаните 20° ИГД и обратниот 160° ИГД,[3], каде не се вбројува континентална Европа и Африка, мал дел од Североисточен Гренланд и повеќе територии во источна Русија и Океанија (на пр. Нов Зеланд).