Западносибирска Низина
голема низина во западниот дел на Сибир / From Wikipedia, the free encyclopedia
Западносибирска Низина (руски: Западно-Сибирская низменность) или Западносибирска Рамница (Западно-Сибирская равнина) — голема рамница која го зазема западниот дел на Сибир, помеѓу венецот Урал на запад, реката Енисеј на исток и Алтајските Планини на југоисток. Голем дел од низината се одликува со слаб исцед и затоа ги содржи најголемите мочуришта и плавни рамници на светот. Поважни градови во неа се Омск, Новосибирск, Томск и Чељабинск. Над половина од нејзината површина има надморска височина помала од 100 метри[1].