Играчи на карти (Сезан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Играчи на карти (француски: [Les Joueurs de cartes] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) – низа уметнички дела на францускиот сликар Пол Сезан. Тоа е низа од 5 слики, сликани во техника масло на платно, кои настанале во периодот пред смртта на Сезан, во раните 1890-ти години и му припаѓаат на постимпресионистичкиот стил.
Творец | Пол Сезан |
---|---|
Година | 1890-тите |
Вид | слика, масло на платно |
Димензии | 47,5 x 57 |
Место | Музеј Орсе |
Постојат 5 познати верзии на сликата кои варираат по големина и по бројот на насликани играчи. Се чуваат во Музејот Орсе, Институтот на уметноста Куртланд, Музејот Метрополитен во Њујорк и во фондацијата Барнс во Филаделфија. Најновата верзија се наоѓала во приватната колекција на Гркот Џорџ Ембрикос сè до 2011 година кога ѝ била продадена на кралското семејство од Катар за рекордни 259 милиони американски долари, искачувајќи се на прво место на најскапо продадени слики сè до ноември 2017 година[1].