Историја на општењето
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на општењето датира од времето на праисторијата. Општењето е во дијапазон од суптилен процес на размена, па до целосен разговор и масовно општење. Човечкото општењето прераснало во говор уште пред околу 500.000 години. Симболите се развиле пред 30.000, а писменоста пред 7.000 години.
Несовршеноста на говорот, ако ништо друго, го овозможила распространувањето на идеите и поттикнувањето на иновациите, што резултирало во создавање на нови форми на општење, подобрувајќи го обемот на човечкото општењето и долговечноста на информацијата. Сите тие иновации се основале врз клучниот концепт на симболот.
Најстарите познати симболи создадени со намера за да се општи низ времето се пештерските цртежи, еден вид на камена уметност, која што датира од повисокиот палеолит. Како што мало дете учи да црта, пред да почне да владее со способноста за посложени форми на општење, така настанале и обидите на хомо сапиенсот за пренесување на информацијата низ времето заземајќи го видот – сликарство. Најстарите познати пештерски цртежи се оние во пештерата Шове (фр. grotte Chauvet). Тие датираат од пред околу 30.000 години п.н.е.[1] Иако недоволно стандардизирани, тие цртежи содржеле голем број на информации: Кромањонците можеби го создале првиот календар уште пред 15.000 години. Врската помеѓу цртањето и пишувањето е покажана понатаму, со лингвистиката. Во древниот Египет и Грција концептите и зборовите на цртањето и пишувањето биле исти.