Историја на уметноста
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на уметност се однесува на визуелната уметност која може да се дефинира како секоја активност или производ создадени од човекот во визуелна форма за естетски или комуникативни цели, изразувачки идеи, емоции или главно како поглед на светот. Низ времето уметноста е класифицирана на различни начини, од средновековното разликување помеѓу либерална уметност и механичка уметност, до современата разлика меѓу ликовна и применета уметност или многуте современи дефиниции кои ја дефинираат уметноста како манифестација на човечката креативност. Подоцнежното проширување на списокот на главна уметност во 20 век, достигна до 9- архитектура, танц, скулптура, музика, сликарство, поезија (што е опишана во голема мера како форма на литературата со естетска цел или функција која исто така вклучува различни жанрови на театар и расказ), филм, фотографија и стрипови. Во концептуалното преклопување на одностот меѓу ликовната и визуелната уметност беа додадени дизајнот и графичката уметност. Во прилог на старите форми на уметничкото изразување како модата и гастрономијата, нови начини на изразување кои се сметаат за уметност се видеото, компјутерската уметност, перформансите, рекламата, анимацијата, телевизијата и видео игрите.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Историјата на уметноста е мултидисциплинарна наука, која бара објективно испитување на уметноста низ времето, ги класифицира културите, создава периодизации и ги набљудува специфичните и влијателни одлики на уметноста. Изучувањето на историјата на уметност првично е развиено во ренесансниот период, со својот ограничен опсег како уметничко производство на западната цивилизација. Меѓутоа како што поминува времето, се воведува поширок поглед на уметничка историја, барајќи сеопфатен преглед на сите цивилизации и анализа на уметничката продукција во смисла на сопствените културолошки вредности (културолошки релативизам), а не само западна историја на уметност. Денес уметноста располага со широка мрежа на изучување, распространетост и заштита на целото уметничко наследство на човештвото низ историјата. 20 век го доживеа зголемувањето на институции, фондации, музеи и галерии во обете јавни и приватни сектори, посветени на анализата и каталогизацијата на уметнички дела како и изложби наменети за мејнстрим публиката. Подемот на медиумите е од клучно значење во подобрувањето на науката и распространувањето на уметноста. Мегународните настани и изложби како што се Витни Биеналето и Венецијанското биенале и Саун Пауло или Документа во Касел, придонесоа за развојот на нови стилови и трендови. Наградите како Тарнер на Тејт галеријата, Волф Награда за Уметност, Прицкеровата Награда за архитектура, Пулицеровата на фотографија и Оскар на киното исто така го промовираат најдоброто творештво на меѓународно ниво. Институции како УНЕСКО, преку воспоставување на Списокот на Светско Наследство, исто така помагаат за зачувување на главните споменици на планетата.