Калиграфија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Калиграфија[1] (од грчки: καλλιγραφία) или краснопис[2] е визуелна уметност поврзана со пишувањето. Таа претставува дизајнирање и пишување на букви со широк инструмент, четка или други инструменти за пишување.[3] Современата калиграфска практика може да се дефинира како "уметност за давање форма на знаците на експресивен, хармоничен и вешт начин".[3]
Современата калиграфија се движи од функционални натписи и дизајни до фини уметнички дела каде што буквите можат или не можат да бидат читливи. Класичната калиграфија се разликува од типографијата и некласичното рачно пишување, иако калиграфот може да ги практикува и двете.[4][5][6][7]
Калиграфијата продолжува да цвета во форма на свадбени покани и покани за настани, дизајн на фонт и типографија, оригинален дизајн на лого со букви, религиозна уметност, соопштенија, графички дизајн и нарачана калиграфска уметност, натписи на камени и меморијални документи.[8][9]