Катедрала во Палермо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катедралата во Палермо претставува катедрална црква на Римокатоличката надбискупија на Палермо, која се наоѓа во градот Палермо, на островот Сицилија, во пределот на јужна Италија. Овој храм е посветен на Успение на Пресвета Богородица. Како архитектонски комплекс, се одликува со присуство на различни стилови, поради долгата историја на градење, доградби, преправки и реставрации, од кои последната се случила некаде периодот на 18 век.