Кацушика Хокусаи
јапонски сликар и дрворезец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кацушика Хокусаи (јапонски: 葛飾北斎; 31 октомври? 1760 — 10 мај 1849) — еден од најзначајните јапонски уметници во стилот укијо-е. Со неговата уметност тој развил интерес во Јапонија. Во неговите слики тој ги прикажувал секојдневните убавини на Јапонија.
Кратки факти Кацушика Хокусаи葛飾 北斎, Роден(а) ...
Кацушика Хокусаи 葛飾 北斎 | |
---|---|
Автопортрет од 1839 г. | |
Роден(а) | Токитаро 時太郎 31 октомври 1760 (точниот датум е спорен) Едо (денес Токио), Јапонија |
Починал(а) | 10 мај 1849(1849-05-10) (aged 88) Едо (денес Токио), Јапонија |
Националност | Јапонец |
Познат(а) по | сликарство и дрвен печат „укијо-е“ |
Значајни дела | „Големиот бран на Канагава“ |
Затвори
Неговото дело влијаело на многу европски уметници, особено Гоген, Винсент Ван Гог, Клод Моне и Алфред Сисли, односно на уметничкото движење наречено јапонизам.
Најпознат е по неговата збирка на „Триесет и шест погледи на Фуџи“ (1829–32), каде е сместено и влијателното дело „Големиот бран на Канагава“ кое извршило огромно влијание врз развојот на импресионизмот. Јапонскиот сликар зад себе оставил скоро 30.000 цртежи.