Климагејт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Климагејт (Climategate),[1][2] бил инцидент кој започнал во ноември 2009 година со хакирање на е-поштенскиот опслужувач што го користи Climatic Research Unit (CRU) на Универзитетот на Источна Англија во Норич. Непознати лица украле и анонимно дистрибуирале над илјада е-поштенски пораки и други документи направени во текот на 13 години.[3][4][5][6] Универзитет го потврдил настанот[3] и изразил загриженост дека личните информации за поединцитете може да бидат компромитирани.[7] Деталите за инцидентот биле пријавени во полицијата.[4]
Критичарите тврделе дека е-пораките покажале дека постои премолчан договор помеѓу научниците кои се занимаваат со климатските промени за нецелосно презентирање на научните информации.[8] Други научници, како на пример Ричард Сомервил, го сметале инцидентот за клеветничка кампања.[9] Кевин Тренберт од Националниот центар за атмосферско истражување од САД изјавил дека селективно се цитирани само зборови и фрази, надвор од контекстот во обид да се саботира самитот во Копенхаген за климатските промени кој се одржал во декември 2009 година.