Кнез Михаилова (Белград)
улица во Белград / From Wikipedia, the free encyclopedia
Улицата Кнез Михаилова [1] е пешачка зона, трговски центар и улица заштитена со закон како едно од најстарите и највредните знаменитости на Белград, со голем број претставителни згради и урбани куќи изградени кон крајот на 70- тите години на 19 век. Се верува дека во времето на Римјаните тука бил центарот на населбата Сингидунум, а во времето на Турците на овој простор се кривеле улиците со градини, фонтани и џамии. Во средината на 19 век овде во горниот дел била градината на кнезот Александар Караѓорѓевиќ. По изработката на регулациониот план на Белград кој е изработен од Емилијан Јосимовиќ во 1867 година, улицата се изгради брзо и ја доби својата физиономија и содржина. Во неа се градат куќи и се населуваат највлијателните и најбогатите семејства на трговскиот и политичкиот Белград. Во 1870 година градската управа официјално ја крсти улицата, давајќи и го името - улица Кнеза Михаила.[2]