Колорадо (Парагвај)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален републикански сојуз – Партија Колорадо (шпански: Asociación Nacional Republicana – Partido Colorado, ANR-PC) е десно ориентирана политичка партија во Парагвај. Партијата е основана од Бернардино Кабаљеро на 11 септември 1887 година во Асунсион. Оваа партија е најдоминатната партија во полтичката историја на Парагвај од независноста на државата. Партијата Колорадо после 61 година на власт за првпат ги изгубила парламентарните избори во 2008 година, но го зачувала претседателот на изборите во 2013 година.
- За истоимената партија во Уругвај, видете Колорадо (Уругвај)
Кратки факти Национален републикански сојуз – Партија Колорадо Asociación Nacional Republicana – Partido Colorado, Претседател ...
Национален републикански сојуз – Партија Колорадо Asociación Nacional Republicana – Partido Colorado | |
---|---|
Претседател | Еркулес Педро Лоренсо Алијана Рордригез |
Основач | Бернардино Кабаљеро |
Основана | септември 11, 1887; пред 136 години (1887-09-11) |
Штаб | „25 де Мајо“ бр. 842 с/ Такуару, Асунсион |
Идеологија | национален конзервативизам економски либерализам социјален конзервативизам парагвајски национализам |
Полит. положба | десница |
Меѓународна припадност | Меѓународен демократски сојуз |
Бои | црвена, бела |
Комора на пратеници | 46 / 80 |
Сенат | 20 / 45 |
Мрежно место | |
anr.org.py | |
Знаме | |
Политика на Парагвај Политички партии Избори |
Затвори