Сончев циклус или сончев магнетен циклус — 11 годишна промена во активноста на Сонцето (вклучувајќи ги промените во нивоата на сончевото зрачење и исфрлањето на сончевата материја) и за него поврзаните појави ( промена на бројот на сончеви дамки и другите појави).
Тие се набљудувани ( преку промената на изгледот на површината на Сонцето и преку промените кои можат да се забележат од Земјата, како поларни светлини) со векови.
Промените на Сонцето предизвикуваат ефекти во просторот, атмосферата и површината на Земјата.