Краен Север
дел од Русија во Северниот Поларник / From Wikipedia, the free encyclopedia
Краен Север (руски: Крайний Север) — голем дел од Русија кој се протега претежно северно од Северниот Поларник и изобилува со минерални и природни ресурси. Зафаќа површина од 5.500.000 км2 или една третина од државата.[1] Формално, во Крајниот Север наполно влегуваат Чукотскиот автономен округ, Камчатскиот крај, Магаданската област, Мурманската област и Јакутија, како и извесни делови од Архангелската област, Иркутската област, Хабаровскиот крај, Република Коми, Краснојарски крај, Република Карелија, Сахалинската област, Република Тува, Тјумењската област, сите острови во Северноледениот Океан и неговите мориња, како и островите во Беринговото и Охотското Море.
Поради суровите услови во овие краишта, оние кои работат на Крајниот Север по закон добиваат повисока плата од работниците на други места.[2] Како последица од климата, домородните народи во овие краишта имаат генетски одлики кои им овозможуваат подобро да се справат со условите, што е одразено и во нивната култура.[3]