Крстоносен поход на Смирна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крстоносни војни до Смирна (италијански: Crociate di Smirne; турски: İzmir Haçlı Seferi — две крстоносни војни што се одржале во 1343-1351 и биле насочени против пиратските активности на Умур-бег, владетел на Ајдинскиот емират. Тие биле организирани од папа Климент VI, a нивната главна цел била крајбрежниот пристаништен град Смирна во Мала Азија, кој служел како база за Умур.
Крстоносен поход на Смирна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Крстоносни војни | |||||||
Прикажување на смртта на водачите на крстоносната војна во 1345 година |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Венецијанска Република Болничари Кипарско Кралство Дуфине Папска Држава | Емиратство Ајдин | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Хајнрих Асти † Пјетро Зенон † Мартино Закарија † Хуго IV Кипарски Хумберт II | Умур-бег (1343-1348) † Хизир-бег (1348-1351) |
Заканата од турскoto пиратство ги принудило претходниците на Климент, папа Јован XXIII и папа Бенедикт XII, да одржат флота од четири галии во Егејското Море, но почнувајќи од 1340-тите, Климент се обидел да организира воена експедиција од целиот обем. Папата му наложил на Хајнрих Асти, католички патријарх во Цариград, да создаде лига, во која повторно биле Уго IV (крал на Кипар) и Болничарите од Родос, а на 2 ноември 1342 година, папата испратил писма до Венеција за да ја привлече во лигата. Папската була за повик за крстоносна војна (Insurgentibus contra fidem) била објавена на 30 септември.
Првата крстоносна војна кон Смирна започнала со поморска победа и на 28 октомври 1344 година и завршила со успешен напад на Смирна, со заземање на пристаништето и крајбрежната тврдина. На 17 јануари 1345 година, Хајнрих Асти одлучил да одржи миса во напуштена зграда, која според него била античка катедрала на Смирна. На средина на службата, Умур ги нападнал верниците. Во масакрот што следел, водачите на крстоносната војна биле убиени.
Несигурната позиција на крстоносците во Смирна го натерало папата да организира втора експедиција во 1345 година. Во ноември, под команда на Умберт II, Втората крстоносна војна кон Смирна тргнала од Венеција. Во февруари 1346 година, крстоносците ги поразиле Турците во Митилена, Умберт го вратил долниот дел на Смирна, кој го држеле христијаните. Во следните пет години, Климент бил зафатен со обид да преговара за примирје со Турците, кои ја држеле Смирна под постојана опсада од копно.
Смирна останала во рацете на христијаните сè до 1402 година.