Кумановски договор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кумановскиот договор е воено-техничкиот договор склучен меѓу Меѓународните безбедносни сили и KФОР и владите на СР Југославија и на Р. Србија, ноќта меѓу 9 и 10 јуни 1999 г. на воениот аеродром близу Куманово, во базата на KФОР – Tалон (во близината на Куманово), дел од операцијата на НATО во Косово.
Тип | Договор за прекин на огнот |
---|---|
Потпишан | 9 јуни 1999 (1999-06-09) |
Место | Куманово, Македонија |
На сила од | 10 јуни 1999 (1999-06-10) |
Изворни потписници | Србија и Црна Гора КФОР |
Потписници | Небојша Павковиќ Мајк Џексон |
Јазици | |
Military Technical Agreement |
Истиот означи крај на НАТО бомбрадирањето на СР Југославија. Со договорот бил ставен крај на воздушните удари на нато на СРЈ, а ден подоцна е усвоена резолуцијата 1244 во Советот на безбедност. Договорот бил потпишан од генералот на југословенската војска Светозар Марјановиќ, генералот на полицијата Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајкл Џексон.[1]
Договорот предвидува позиционирање меѓународни вооружени сили во Косово (KФОР) и повлекување на југословенските вооружени сили од Косово до 20 јуни 1999 г., воздушна безбедносна зона од 25 км од косовската граница и земјишна зона од 5 км.[2]