Лабораторија за реактивен погон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лабораторија за реактивен погон (англиски: Jet Propulsion Laboratory или JPL) — државен истражно-развоен и вселенски центар на НАСА сместен во округот Лос Анџелес во Калифорнија, САД. Седиштето се води под градот Пасадена [1], а објектите се сместени на границата помеѓу градовите Ла Кањада Флинтриџ и Пасадена. Лабораторијата е под управа на Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во име на агенцијата НАСА. Главна функција на лабораторијата е конструирање и работа со роботски планетарни вселенски летала, но установата раководи и со мисии во Земјината орбита. Меѓу другите нејзини надлежности се вбројува раководењето со мрежата Deep Space Network на НАСА. Тековни проекти на лабораторијата се мисијата „Касини-Хајгенс“ до Сатурн, Марсовските истражни возила „Спирит“ и (Spirit) и „Опортјунити“ (Opportunity), Марсовскиот извиден орбитер (Mars Reconnaissance Orbiter), мисијата Дон до Церера и Веста и веленскиот телескоп „Спицер“.
Лабораторија за реактивен погон | |
---|---|
Jet Propulsion Laboratory | |
Лабораторијата од птичја перспектива | |
Податоци за органот | |
Основан | 1936 |
Надлежност | Федерална влада на САД |
Седиште | Пасадена 34°12′6.1″N 118°10′18″W |
Вработени | > 5.000 |
Раководител | Чарлс Елахи (директор) |
Матичен орган | Калифорниски технолошки институт во име на НАСА |
Ограноци | Научно одделение на JPL |
Мрежно место | |
Дом. страница на лабораторијата |
Објектот за раководење со вселенски летови и симулаторот се прогласени за национални историски знаменитости.