Лабрадорско Море
море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лабрадорско Море (англиски: Labrador Sea, француски: mer du Labrador) — ракав на Северниот Атлантски Океан помеѓу полуостровот Лабрадор и Гренланд. Морето граничи со континентални гребени на југозапад, северозапад и североисток, а на север е поврзано со Бафиновиот Залив преку Дејвисовиот Проток.[3]
Лабрадорско Море | |
---|---|
Залез над Лабрадорското Море, гледан од Памиут, Гренланд | |
Координати | 61°N 56°W |
Вид | море |
Сливни земји | Канада, Гренланд |
Најг. должина | 1.000 км |
Најг. ширина | 900 км |
Површина | &10000000000000841000000841,000 км2 |
Прос. длабочина | 1.898 м |
Најг. длабочина | 4.316 м |
Наводи | [1][2] |
Морето настанало со одделувањето на Северноамериканската од Гренландската Плоча, кое започнало пред 60 милиони години и завршило 20 милиони години подоцна. Во него се наоѓаат најголемиот проток на матна (наносна) струја на светот, наречен Северозападноатлантски средноокеански канал, кој се протега илјадници километри долж морското дно кон Атлантскиот Океан.
Лабрадорското Море претставува главен извор на Северноатлантската длабока вода — студена водна маса на голема длабочина долж западниот раб на Северниот Атлантик, која се простира надалеку и ја образува најголемата препознатлива водена маса во светскиот океан.