Лагадин
село во Општина Охрид / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лагадин — летна туристичка населба, изградена во втората половина на XX век. Се наоѓа на источниот брег на Охридското Езеро, непосредно покрај патот Охрид-Свети Наум. Местото традиционално се нарекува Света Мартинија и се наоѓа кај селото Елшани.
Кратки факти
Лагадин | |
Поглед на дел од населбата | |
Координати 41°2′24″N 20°48′35″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Охрид |
Област | Охридско |
Население | 81 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6000 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 696 м |
Лагадин на општинската карта Атарот на Лагадин во рамките на општината | |
Лагадин на Ризницата |
Затвори
Во Лагадин како постојано население живее 81 човек, а другите тука доаѓаат само во летниот период. Целата населба се состои од стотина приватни вили и неколку хотели.[2]