Летни олимписки игри 1896
From Wikipedia, the free encyclopedia
Летните олимписки игри 1896 се одржале во Атина како први модерни олимписки игри. Игрите се одржале од 6 април (понеделник) до 15 април (среда).
Игри на I Олимпијада | |
Град домаќин | Атина, Грција |
---|---|
Бр. на држави | 14[а] |
Бр. на спортисти | 241[б] |
Отворени | 6 април |
Затворени | 15 април |
Официјално отворени од: | Георги I |
Стадион | Панатинаико |
За одржување на првите модерни олимписки игри било одлучено уште на првиот конгрес на Меѓународниот олимписки комитет, одржан во Париз на 23 јуни 1894 година. Конгресот го раководел барон Пјер де Кубертен, а било одлучено да се обноват античките олимписки игри, при што првите игри да се одржат во земјата-домаќин на античките, Грција.
Церемонијата на свеченото отворање се одржала на стадионот Панатинаикон, а за отворени игрите ги прогласил грчкиот крал Георги I. На игрите се натпреварувале 241 спортист од 14 земји во 9 спортови и во 43 дисциплини.
Најзначајно натпреварување за Грците била маратонската трка, во којашто победил грчкиот натпреварувач Спиридон Луис. Најуспешен натпреварувач на игрите бил германскиот борач и гимнастичар Карл Шуман, кој освоил 4 златни медали.