Летни олимписки игри 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
XXX Летни олимписки игри (формално познати како „Игри на XXX Олимпијада“) — Летни олимписки игри одржани од 27 јули до 12 август 2012 година во Лондон, Велика Британија[1]. Градот Лондон станал првиот град кој по третпат бил домаќин на Летните олимписки игри[2] Претходно, градот бил домаќин во 1908 и 1948 година.[3][4]
Кратки факти Игри на XXX Олимпијада, Град-домаќин ...
Игри на XXX Олимпијада | |
---|---|
Град-домаќин | Лондон, Велика Британија |
Гесло | „Инспирирај ја генерацијата“ |
Земји-учеснички | 204 |
Натпреварувачи | 10.820 |
Свечено отворање | 27 јули |
Свечено затворање | 12 август |
Отворена од | кралицата Елизабета II |
Стадион | Олимписки стадион |
Затвори
Лондон за домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година бил избран на 6 јули 2005 година, на 117 седница на МОК која се одржала во Сингапур, победувајќи ги Москва, Њујорк, Мадрид и Париз, по четири круга на гласање.[5] Оваа вест била објавена од страна на поранешниот олимписки шампион Себастијан Коу.
Олимпијадата се одржа во Олимпискиот парк во реонот Стратфорд и на разни места во поширокото подрачје на градот.