Лора Браниган
американска пејачка и глумица (1952–2004) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лора Ен Браниган (англиски: Laura Ann Branigan; 3 јули 1952 - 26 август 2004 година) ― американска пејачка и глумица. Нејзината најпозната песна „Gloria“ од 1982 година, останала 36 недели на американскиот Билборд Хот 100, што во тоа време било рекорд за женски изведувач. Песната се искачила на прво место во Австралија и Канада. „Gloria“ била преработка на песна напишана од италијанските кантавтори Џанкарло Бигаци и Умберто Тоци. Во 1984 година, Браниган со песната „Self Control“ се искачила на прво место на топ-листите во Канада и Германија. „Gloria“ и „Self Control“ исто така биле успешни во Обединетото Кралство, и се пласирале во Топ-10 листата за синглови во ОК.
Лора Браниган | |
---|---|
Браниган околу 1982 | |
Роден(а) | Лора Ен Браниган јули 3, 1952(1952-07-03) Монт Киско, Њујорк, САД |
Починал(а) | август 26, 2004(2004-08-26) (возр. 52) Лонг Ајленд, Њујорк, Сад |
Алма матер | Американска Академија за драмски уметности |
Занимање |
|
Сопружник | Лоренс Рос Кратек (в. 1978; d. 1996)[1] |
Потпис |
"Solitaire", "How Am I Supposed To Live Without You", "Self Control", "Ti Amo", "Spanish Eddie", "I Found Someone", "Power of Love", "Shattered Glass", "Never In A Million Years", "Over You"
Во екот на нејзината популарност во 1980-тите, други песни од Браниган кои се пласирале во Топ-10 биле: „Solitaire“ (1983), „How Am I Supposed To Live Without You“ (1983), „Ti Amo“ (1984), „Power of Love“ (1987) и „Shattered Glass“ (1987). Нејзин најуспешен студиски албум бил „Self Control“ од 1984 година, кој имал платинест тираж. Лора Браниган, исто така, пеела песни за филмски саунтракови, меѓу кои и со Греми и Оскар наградениот саундтрак од филмот Флешденс (1983), саундтракот од Истерувачи на духови (1984) и Пороците на Мајами (1984). Во 1984 година, Лора со песната „The Lucky One“ победила на музичкиот фестивал во Токио.
Кон крајот на 1980-тите нејзината популарност почнала да бледнее; нејзините песни повеќе не се пласирале на топ-листите, а нејзините два студиски албуми Laura Branigan (1990) и Over My Heart (1993) не го привлекле вниманието на публиката. Таа се повлекла од јавниот живот кон крајот на 1990-тите. На почетокот од 2000-тите, ја возобновила својата кариера. Таа ја глумела Џенис Џоплин во мјузиклот „Љубов, Џенис“. Додека снимала нови песни со кои планирала да се врати во музичката индустрија, Лора Браниган починала во август 2004 година од претходно недијагностицирана церебрална аневризма.
Во САД, Браниган и нејзината музика стекнале нова популарност и зголемен јавен интерес во 2019 година, откако „Gloria“ била усвоена како неофицијална победничка песна од Сент Луис Блуз од НХЛ лигата. Откако на половина сезона биле последни, по прифаќањето на песната тие успеале да го освојат својот прв Стенли куп, а песната влегла во аналите на хокејот на мраз како „неверојатна шампионска химна“.[2]