Лоренцова сила
комбинација на електрични и магнетни сили на точкест полнеж предизвикани од електромагнетните полиња / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лоренцова сила — комбинација на електрични и магнетни сили на точкест полнеж предизвикани од електромагнетните полиња. Ако честичка со полнеж q се движи со брзина v во присуство на електрично поле E и магнетно поле B, при што на исттот ќе делува сила:
(во SI единици). Различните записи на оваа основна формула ги опишуваат магнетните сили на жицата преносител на електричната струја (понекогаш наречена Лапласова струја), електромоторната сила во жичена намотка која се движи низ магнетно поле (опфатено со Фарадеевиот закон за индукција), и силата на наелектризирана честичка, која можно е да се движи со брзина блиска до брзината на светлината (релативистички овлик на Лоренцовата сила).
Лоренцовата сила за првпат е математички изведена од страна на Оливер Хевисајд во 1889 година,[1] иако некои историчари тврдат дека истата се споменува во трудовите на Џејмс Кларк Максвел.[2] Хендрик Лоренц ја извел неколку години по Хевисајд.