Марди Гра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марди гра, или Мрсен вторник, е карневалска прослава која кулминира во вторникот (два дена) по Прочка, познат и како Чист вторник. Името Марди гра потекнува од францускиот јазик и во буквален превод значи „мрсен вторник“, а се однесува на практиката на јадење богата, мрсна храна во очи почетокот на велигденските пости (Света Четириесетница) кои започнуваат следниот ден, имено на Чиста среда - Тримир.
Кратки факти Марди Гра, Наречен и ...
Марди Гра | |
---|---|
Прослава во Њу Орлеанс | |
Наречен и | Мрсен Вторник |
Вид | Христијански, културен |
Значење | Прослава пред Велигденските пости |
Датум | Еден ден пред Чиста среда, 47 дена пред Велигден, 2 дена по Прочка |
Прослава | Паради, забави |
Поврзано | Чист вторник, Карневал, Прочка, Тримери, Чиста среда, Света Четириесетница, |
Затвори
Ова е уште една од многуте прослави ширум светот кои се поврзани со Тримерските прослави пред Велигденскиот пост пропратена со религиозни и пагански обичаи.