Маријци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маријци (мариски: мари) — угрофински народ, кој традиционално живее покрај реките Волга и Кама во Русија. Половина од мариското население живее во руската република Мариј Ел, а добар дел има и во руските републики Башкортостан и Татарстан. Порани во Русија народот го нарекувале како Черемиси.
Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Вкупен број | |
---|---|
cоколу 700,000 | |
Подрачја со значајно население | |
Русија | 547,605 (2010)[1] |
Казахстан | 4,416 (2009)[2] |
Украина | 4,130 (2001)[3] |
Белорусија | 416 (2009)[4] |
Латвија | 277 (2009)[5] |
Естонија | 241 (2011)[6] |
Јазици | |
мариски јазик, руски јазик | |
Вероисповед | |
православие и мариска традиционална религија | |
Сродни народи | |
останати угрофински народи |
Затвори
Маријците се делат на три подгрупи, односно: ливадски Маријци или низински Маријци, кои живеат покрај левиот брег на реката Волга, потоа планински Маријци, кои живеат покрај десниот брег на реката Волга и источни Маријци, кои живеат во Башкортостан. Според пописот од 2002 година, во Русија имало 604,298 Маријци, од кои 18,515 планински Маријци и 56,119 источни Маријци. Скоро 60% од Маријците живеат во руралните средини.[7]