Мајот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајот (француски: Mayotte; маоре: Maore; малгашки: Mahori) е прекуморски департман и регион на Франција. Се состои од два острова: Гран Тер-Махоре и помалиот остров, Петит Тер-Паманзи и неколку островчиња околу овие два. Архипелагот се наоѓа на северниот дел на Мозамбичкиот Проток во Индискиот Океан, односно меѓу севернозападниот дел од Мадагаскар и североисточниот дел од Мозамбик. Мајот се протега на површина од 374 км2, популацијата изнесува околу 194.000 жители и затоа се смета за густо населена. Најголемо населено место и префектура е градот Мамуѕу. Нејзината територија, географски припаѓа на Коморските Острови, но со референдумот од 1974 година, политички била поделена и останала под владеењето на Франција. Оваа територија е позната и како Махоре, родното име на нејзиниот главен остров.Со референдумот од 2009 година, популацијата одобрила пристапувањето на статус на депертман (95,2 % гласале за статус на департман). На 31 март 2011, Мајот станал прекуморски департман.
Департман Мајот |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град (и најголем) | Мамуѕу (префектура) | |||||
Службен јазик | француски | |||||
народни јазици | маоре, (свахили), малгашки | |||||
Народности | 92% Коморци (Банту, Арапи, и Малгаши), 3% Свахили, 2% Французи, 1% Макуа, 2% останати[1] | |||||
Демоним | Мајотци | |||||
Уредување | прекуморски депарман | |||||
• | Претседател на Ген. совет | Даниел Зајдани | ||||
• | Префект | Томас Дегос | ||||
Прекуморски департман и регион на Франција | ||||||
• | почнувајќи од | 31 март 2011 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 374 км2 (~185-та) | ||||
• | Вода (%) | 0,4 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 194.000[2] | ||||
• | Попис 2007 | 186.452[3] (179-та) | ||||
• | Густина | 498.5 жит/км2 (~21-ва) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2005 г. | |||||
• | Вкупно | €0,91 милијарди[4] | ||||
• | По жител | €5.200[4](2005) | ||||
Валута | евро (EUR ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+3) | |||||
НДД | .yt | |||||
Повик. бр. | 262 (порано: +269) |