Медал за храброст (СФРЈ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Медал за храброст — одликување на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Го воспоставил врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз-Тито, на 15 август 1943 година со Уредба за одликувања во Народноослободителната војска на Југославија, заедно со Орденот за храброст. Им се доделувал на припадници на вооружените сили на СФРЈ, како и на цивили кои извршиле една или повеќе акции во борбата против непријателот, со што ја докажале својата лична храброст. Овој медал бил доделуван и на поединци кои спасувале луѓе и материјални добра во опасни ситуации и покажале лична храброст и пожртвуваност. Медалот за храброст бил најзначајниот орден на СФРЈ. Доделени се вкупно 205.590 медали. Постојат две варијанти на овој медал. Првата, која е направена за време на војната во Советскиот Сојуз, во Московската ковачница, и втората варијанта, која е направена на крајот на војната во ковачницата „ИКОМ“ во Загреб.
Медал за храброст | |
---|---|
Подобност | Војници на СФР Југослваија и југословенски партизани од Втората светска војна. |
Статус | не се доделува повеќе |
Статистики | |
Воведено | 15 август 1943[1] |
Лента на медалот за храброст |