Мерл Хагард
американски кантри-пејач и музичар (1937–2016) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мерл Роналд Хагард (англиски; Merle Ronald Haggard; 6 април 1937 година - 6 април 2016) ― американски кантри-пејач, текстописец, гитарист и виолинист.
Мерл Хагард | |
---|---|
Мерл Хагард на настап во живо во 1971 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Мерл Роналд Хагард |
Роден(а) | 6 април 1937(1937-04-06) Оилдејл, Калифорнија, САД |
Починал(а) | 6 април 2016(2016-04-06) (возр. 79) Пало Кедро, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Занимања | Пејач, текстописец, музичар |
Инструменти |
|
Период на активност | 1963–2016 |
Издавачи |
|
Мерл Хагард е роден 6 април 1937 година во Оилдејл, Калифорнија. Имал тешко детство по смртта на неговиот татко, а во младоста неколку пати бил во затвор. Откако бил ослободен од Државниот затвор Сан Квентин во 1960 година, Хагард успеал да го промени својот живот и започнал успешна кариера во кантри-музиката. Тој стекнал популарност со песните за работничката класа; некои негови песни содржеле стихови спротивни на бунтот против Виетнамската војна кои пак биле често застапени во популарната музика во тоа време. Во периодот од 1960-тите до 1980-тите, Хагард имал 38 песни кои се искачиле на прво место на топ-листите за кантри-музика во САД, а неколку од нив се пласирале и на Билбордовата топ-листа за сите жанрови. Хагард продолжил да издава успешни албуми и во 2000-тите.
Мерл Хагард добил многу награди и признанија за неговиот придонес во музиката, како: Признание од Кенедиевиот Центар (2010); Греми награда за животно дело (2006); награда „Икона на BMI“ (2006);[1] и бил внесен во Куќата на славата на текстописците во Нешвил (1977); [2] Куќата на славата на кантри музиката (1994) [3] и Куќата на славата на музиката од Оклахома (1997 година).[4]
Починал на 6 април 2016 година, на неговиот 79-ти роденден, на неговиот ранч во округот Шаста, Калифорнија, откако претходно заболел од двојна пневмонија.[5]