Меровинзи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меровинзите биле салискофранкиска династија која владеела со Франките во регионот (познат како Франкија на латински) кој одговара на старата Галија од средината на 5-от век. Тие често војувале едни со други меѓу гранки во семејството. Во тек на последниот век на нивното владеење, династијата сè повеќе добивала само церемонијална улога. Владеењето на Меровинзите завршило во март 752 кога папата Захариј формално го соборил Хилдерик III.[1][2] Наследникот на Захариј папата Стефан II , исто така го потврдил и го крунисал Пипин Малиот наместо Хилдерик во 754 и со тоа започнува каролиншката монархија и почеток на Светото Римско Царство.
Тие понекогаш се нарекуваат и „долгокоси кралеви“ (лат. reges criniti) поради нивната долга коса (традиционално, водачот на Франките носел долга коса за да се разликува од Римјаните и свештенството). Терминот „Меровинзи“ потекнува од латинскиот збор Merovingi или Merohingi („синови на Меровех“)[3].