Мечето Ушко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мечето Ушко (полски: Miś Uszatek) е полски лик од анимираната телевизиска серија со исто име. Заедничка творба е на полскиот писател Чеслав Јанчарски и карикатуристот Збигњев Рихлицки.[1]
Мечето Ушко | |
---|---|
Напишана од | Чеслав Јанчарски |
Раскажувач | Мјечислав Чехович |
Тематски композитор | Јануш Галевич (стихови) Петар Хартел (музика) Мјечислав Чехович (глас) |
Земја на потекло | Полска |
Бр. на епизоди | 104 |
Производство | |
Продуцент(и) | Se-ma-for |
Прикажување | |
Првична мрежа | Телевизија Полска |
Првично прикажување | 1975 – 1987 |
Првото појавување на Мечето Ушко било во полското комично списание за деца, "Miś", на 6 март 1957 година. Подоцна, тоа било главен лик на неколку детски книги, кои биле преведени на повеќе странски јазици. Меѓутоа, својата најголема популарност ја стекнало во 1975 година, кога Студиото за мали филмски форми, СЕ-МА-ФОР од Лоѓ, ја создало анимираната серија за Полската Радио Телевизија, вклучувајќи го глумецот Мјечислав Чехович, кој им го позајмил гласот на ликовите.[2] Во полските ранг листи за најдобра анимирана серија на сите времиња, Мечето Ушко било најчесто на второто место, веднаш зад Болек и Лолек.
Мечето Ушко и неговите пријатели - Прасенцето (Prosiaczek), Зајачињата (Króliczki) и Зајачето (Zajączek), како и Кученцето - беа обожувани од најмладите. Во исто време, Мечето Ушко, ја имало улогата на пријател од градинката. Тоа исто така имало големи симпатии и кај родителите, бидејќи секогаш си легнувало во соодветно време, пеејќи ја приспивната песничка:
„ | Pora na dobranoc, bo już księżyc świeci. Dzieci lubią misie, misie lubią dzieci. [2] | “ |
Сè вкупно, СЕ-МА-ФОР направил 104 епизоди од оваа анимирана серија; последната епизода се емитувала во 1987 година. Во шеесеттите години од минатиот век, биле направени и два долгометражни филма за пријателското мече.[3] Исто така, во есента 2007 година, студиото СЕ-МА-ФОР најавило дека планира да направи повеќе нови епизоди, меѓутоа подоцна овие планови се промениле во прилог на евентуален долгометражен филм, кој би се направил со помош на јапонската компанија Eden Entertainment. Од 2008 година, Мечето Ушко се емитува на полската национална телевизија секој четврток. Во јули 2007 година, локалните власти во Лоѓ одлучиле да изградат фонтана посветена на Мечето Ушко, која би требало да биде поставена на главната улица во Лоѓ, Петарковска.
Во јуни 2010 година, Полската ковница на пари, во име на Владата на Ниуе исковала 8000 сребрени монети од 1 долар, со ликот на Мечето Ушко и неговите пријатели од анимираната серија.[4]