Музички продуцент
From Wikipedia, the free encyclopedia
Музички продуцент е личност која работи во музичката индустрија и чија работа е да ги надгледува и меnaџира снимките на музиката на некој артист. Негова работа е исто така да ги надгледува артистите додека снимаат музика, да прикажува и собира идеи за проектот, да избира музичари и ритми како и да ги надгледува работите преку миксинг и мастеринг. Продуцентите исто така, често имаат поширока претприемачка улога, со одговорност за буџетот, графиците, и преговорите. Денеска, во музичката индустрија има два вида на производители: извршен продуцент и музички продуцент, кои имаат различни улоги. Додека извршниот продуцент надгледува финансии на проектот, музичкиот продуцент го надгледува создавањето на музиката.