Мушарабија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мушарабија (арапски: مشربية), исто така shanshūl (شنشول) или rūshān (روشان) — архитектонски елемент што е карактеристичен за традиционалната архитектура во исламскиот свет[1] и пошироко. На турски се вика şahnişin, што доаѓа од персиски.
Тоа е еден вид испакнат прозорец на горните катови на градба оградена со врежана дрвена мрежа, понекогаш збогатена со витраж. Традиционално се корисела за фаќање на ветер и пасивно ладење на просторијата; во неа биле ставени чаши и садови со вода за да предизвика ладење со испарување.[2]
Се користела од средниот до 20 век. Најчесто се користела на уличната страна на градбата; но се користела и на внатрешната - дворната страна.[3]