Напади во Париз од ноември 2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вечерта на 13 ноември 2015 година, се случија серија на координирани терористички напади, кои вклучуваа пукање, самоубиствени бомбашки напади и задржување на заложници, во Париз, Франција и во северното предградие Сен Дени. Нападите започнале во 21:16 по Средноевропско време.[1] Шест масовни пукања се случиле во централниот дел од Париз, и три самоубиствени бомбашки напади блиску до стадионот Стад де Франс.[1][2] Најголем број жртви имало во нападот на концертната сала Батаклан (Le Bataclan), каде напаѓачите зеле заложници. Исламската држава (ИСИЛ) ја презеде одговорноста за овие напади.[3][4][5]
Ден после нападот, францускиот претседател Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба, што е прва после немирите од 2005 година.[6] Најмалку 129 се смртно повредени, од кои 89 лица се погинати на рок концертот, а останатите на другите локации во Париз. Околу 350 лица се повредени, од кои 99 се во критична состојба.[7][8][9][10][11][12] Во знак на солидарност и поддршка, голем број земји прогласија ден на жалост, и ги обоија зградите во боите на француското знаме, а на друштвените мрежи парижани нудеа засолниште на Твитер, со хаштаг #PorteOuverte („#ОтворенаВрата“), додека Фејсбук на своите корисници им понуди транспарентна слика со боите на француското знаме.