Обединета нормативна податотека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обединетата нормативна податотека (германски: Gemeinsame Normdatei, крат. GND) — меѓународна нормативна податотека во која се организирани лични имиња, предметни определници и здруженија од разни библиотечни каталози. Наменета е првенствено за документација во библиотеки и архиви. Со неа раководи Германската национална библиотека (DNB) во соработка со разни библиотечни мрежи. Правата на GND се водат под лиценцата Криејтив комонс Нула (CC0).[1]